| За Олимпијадата - на турнир во Шведска |
|
Ракометната репрезентација, настапот на Европското првенство и избореното право за нова битка, за учество на ОИ во Лондон, е приказна која трае.
Македонските ракометари минаа низ Триумфалната порта. Во Скопје беа пречекани како спортски херои. Зад себе оставија епизода за долго паметење. Но, пред македонскиот тим следат нови обврски. Македонија во вчерашната жрепка ја доби Австрија за противник во „баражот“ за Светското првенство во 2013-та година. Конечниот редослед на Европското првенство ја однесе Македонија во втората квалификациона група за Олимписките игри, во која се домаќинот Шведска, како и Унгарија и Бразил. Првите две селекции обезбедуваат пат во Лондон. |
