Борко Ристовски: Луд и храбар натпревар

Голманот Борко Ристовски често е критикуван од македонската јавност, но со она што го направи на последните три средби на Македонија на Европското првенство во Србија им ги затвори устите и на најголемите непријатели.

 

 

Против Полска одбрани 19, со Србија 15, а на дуелот со Словенија 11 удари и е најзаслужен за победите во овие три дуели.
- Одигравме лудо храбар натпревар. Треба за да бидеш храбар и малку и луд за да успееш во ракометот. Ова беше многу тежок натпревар, последен, а решавачки за квалификации на ОИ во Лондон. Собравме сили и како и на претходните шест натпревари го оставивме срцето на терен. Петтото место во Европа е страшна работа. Сакам да им се заблагодарам на сите оние кои искрено не пратеа и не поддржуваа во текот на целото првенство – вели Ристовски.