| Среќната Данска во финале |
|
Микел Хансен, незадржливиот човек за нашиот национален тим го постигна победничкиот погодок за Данците против Шпанија во последната минута, откако „црвената фурија“ со серија од 3-0 израмни на 24-24. Шпанија наметна свое темпо од почетокот и поведе со 7-3, но Данска предводена од Хансен сепак успеа да се врати во игра, па на крајот од првиот дел и да има водство од два гола разлика (12-10). Својата класа Хансен ја потврди и со голот од девет метри, изведувајќи удар по истекот на полувремето, преку одбраната на Шпанија.
Во второто полувреме, Данска беше во водство во најголемиот дел, но пред самиот крај Шпанците успеаја да изедначат на 24-24. Тогаш повторно на сцена стапи Хансен, постигна погодок, а Шпанија во последниот напад не возврати. Данска е во финалето, во голем дел благодарејќи и на Македонија. |
