Четиригодишен договор за македонскиот талент

Младиот македонски суперталент Ненад Димитријевиќ ги импресионираше челниците на шпанскиот тим Хувентуд што резултираше со четиригодишен договор.

 

Со своите настапи на кошаркарски турнир и одличните партии, македонскиот талент Ненад Димитријевиќ ги импресионираше челниците на Хувентуд што резултираше со четиригодишен договор.

Димитријевиќ, кој има 13 години, имаше фантастични настапи на кошаркарски турнир за играчи до 14 години, а играше против големите Реал Мадрид и Барселона и на секој меч имаше двоцифрен број на поени. Тој во Шпанија на покана на Хувентуд да биде дел од нивната младинска школа, а со неговите игри покажа дека е меѓу топ 20 кошаркарски таленти во светот во својата генерација.

Младиот Димитријевиќ на Хувентуд ќе му се приклучи од септември следната година, а тој е првиот македонски талент кој на оваа возраст прави класичен трансфер надвор од Македонија.