Незадоволниот Виља си заминува од Барселона?

Репрезентативецот на Шпанија следното лето би можел да ја напушти Барселона, а причина е незадоволството од статусот кој го има во тимот.

Според мадридска Marca, Давид Виља е незадоволен од улогата која ја има во тимот на европскиот шампион и поради тоа по крајот на оваа сезона би можел да побара трансфер во друг клуб. Истиот медиум пишува дека Барселона е подготвена да започне преговори со клубовите кои се заинтересирани за напаѓачот, но само ако тие платат најмалку онолку колку што Барса и плати на Валенсија пред две години за Виља (40 милиони евра).

Интерес за Шпанецот до сега пројавија Челзи и Ливерпул, но за очекување е дека во трката за негов ангажман ќе се вклучат и други гиганти доколку Каталонците се одлучат на продажба.

Виља оваа сезона има 23 настапи на кои постигна девет погодоци со две асистенции. Вкупно од доаѓањето во Барселона тој има 72 настапа со 32 гола и 11 асистенции.