Македонски судија ќе ја дели правдата на мечот Бриж-Брага

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ја доби таа чест да ја дели правдата на дуелот помеѓу Бриж и Брага во Лига Европа.

 

 

Македонскиот интернационален судија повторно ќе ја дели правдата на голем меѓународен фудбалски меч. Александар Ставрев ќе биде на центарот на теренот и ќе го води мечот помеѓу Бриж и Брага во рамките на Лига Европа.

Ова е многу значаен меч за двата тима, кој практично претставува битка за првото место во групата Х, каде двете екипи имаат по десет бодови. Овој податок доволно говори за довербата на УЕФА која ја има во нашиот интернационален арбитар.

Инаку, Александар Ставрев оваа сезона по втор пат ќе биде дел од еден голем фудбалски меч. Претходно тој ја делеше правдата на мечот Барселона – Викторија Плзен во Лигата на шампионите и доби висока оценка за тоа како го водеше овој дуел.