|

Шампионот на Англија планира во зимскиот преоден рок да го позајми до крајот на сезоната Србинот од редовите на Јувентус.
Тренерот на Манчестер Јунајтед Алекс Фергусон се соочува со сериозна криза во тимот по бројните повреди кои се им случија на неколку важни играчи во изминатите десетина дена. Последен кој е додаден на листата повредени играчи е Дарен Флечер, а пред него вон теренот се најдоа и Немања Видиќ, Хавиер Хернандез, Мајкл Овен и Том Клеверли.
Според Daily Мirror, Фергусон е решен во зимскиот преоден рок да го освежи средниот ред, а како сериозна опција се спомнува Милош Красиќ од Јувентус, кој во Манчестер би пристигнал како позајмен играч. Според истиот медиум, Србинот, кој не се снајде најдобро кај новиот тренер Антонио Конте, е цел и на Милан и Челзи, кои исто така сакаат да го позајмат во јануари.
|