|

Управата на „сините“ е подготвена да го продаде Шпанецот за многу помала сума од таа со која го купи од Ливерпул.
Првите луѓе на Челзи во зимскиот преоден рок ќе слушаат понуди за Фернандо Торес, играчот за кој платија 55 милиони евра пред година дена. Шпанецот од својата преселба на Стемфорд Бриџ од Ливерпул е вистинско разочарување и со ништо не ја оправда висината на неговиот трансфер, како ни неделните примања од 165.000 евра.
Тој во година дена во Челзи постигна само три погодоци во Премиерлигата и во клубот од Стемфорд Бриџ веќе не можаат да чекаат на него да проработи.
Од клубот се дури и подготвени да претрпат значителна финансиска загуба со цел да се откачат од Торес, па така се чини дека тие, според најавите на британските медиуми, би биле задоволни и со понуди од 22 милиони евра.
До колку е Торес вон форма кажува и податокот дека тој во моментов е трет напаѓач во тимот на Андре Виљас-Боаш, зад ветеранот Дидие Дрогба и младиот Даниел Стариџ. |