Сити го поткупил Виљареал!?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис даде контроверзна изјава дека Манчестер Сити им платил на играчите на Виљареал вечерва да го совладаат тимот од Неапол.

Зборовите на Аурелио Де Лаурентис, дека богатите арапски газди би можеле да им понудат дебели бонуси на играчите на Виљареал, доколку тие вечерва го совладаат Наполи, сосема разбирливо, не беа прифатени со воодушевување во таборото на Виљареал.

Чувствувам дека нешто чудно се случува пред средбата со Виљареал. Принчевите и шеиците се вознемирени. Не е добро да се размислува во таа насока, но понекогаш можете да претпоставите што се случува“ - изјави првиот човек на Наполи.

На тоа веднаш реагираа од Ел Мадригал, а најгласен беше повремениот шпански репрезентативец Борха Валеро.

Не ни се допаѓаат гласините од Италија за можна финансиска понуда до нас од Манчестер Сити со цел ние да победиме вечерва. Виљареал има добар европски имиџ и за нас би било болно групната фаза да ја завршиме без ниту еден освоен бод. Затоа е за нас важно вечерва да одиграме добро. Оваа игра на берви помеѓу Сити и Наполи нас не не интересира. Мене ми е сеедно кој од нив ќе оди понатаму, сам сакам да се збогуваме од ЛШ со домашна победа“ - рече Валеро