Атлетиката и натаму е „кралица“

Даегу го издржа и го одржа темпото наметнато во олимпискиот Пекинг и особено во Берлин пред две години! Потенцијалот на најграндиозниот спорт и натаму е огромен. Перспективите, исто така.

Од Далечниот исток во деновите штотуку изминати, изискрија нови зраци, кои допрва ќе блескаат на атлетското небо. Џејмс од Гренада, Џеилан од Етиопија, Тејлор од САД, Војчеховски од Полска, Германецот Шторл пред две недели беа надежи, денеска се светски шампиони.

Австралијката Сали Пирсон, Американките Демус и Џетер, Русинките Абакумова и Савинова имаа брилијантни настапи. Само мали нијанси, стотинки или сантиметриги им недостигаа своето дело да го украсат и со светски рекорди.

Беа Кенијците, сега Кенијките се големиот феномен на атлетиката од оваа африканска земја. Во трките на долги патеки на 5, на 10 километри и во маратонот освоија дури 8 медали. Остварување недостижно за генерации и генерации! Вивијан Чериот е примадоната со двојната круна на 5 и 10 километри.

Поднаслов: Ѕвездата на Болт блеска со ист сјај

А, Болт е приказната за себе. Атлетска супеѕзвезда: Усеин БолтBildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Атлетска супеѕзвезда: Усеин БолтНеговата широка насмевка ги украси завршните слики од големиот спортски настан.Насмевка,триумфална по единствениот светски рекорд во Даегу во штафетата 4х 100 метри, чиј инспиратор беше токму неговата фуриозност. Болт по кикс-дисквалификацијата на „стотка“, брзо стана оној стариот со „луњата“ што ја предизвика на 200 метри. Тој веројатно е единствениот спортист, кој со едно движење на раката предизвикува хистерија кај младите и симпатии кај возрасните приврзаници на атлетиката.