3D Вимблдон
Вторник, 08 Март 2011 14:25

Иако се горди на својата долгогодишната традиција, еден од најпозните светски турнири во светот- Вимблдон ги прифаќа новите технологии, но и брзите промени во IT светот,  па најавуваат дека годинешните мечеви ќе ги пренесуваат во тридимензионална технологија.


Во партнерство со Sony и BBC овогодишното машко полуфинале и финале, како и женското финале ќе бидат снимани и пренесувани во живо во 3D технологија. Претставниците од Вимблдон истакнуваат дека прифаќањето на новите телевизиски технологии не е воопшто непознато за нив во минатото на турнирот, и истакнуваат дека BBC својот прв пренос во боја бил токму од Вимблдон.

 

Сега се појавила можност за емитување во 3D технологија, што според нив е спој на традицијата и иновацијата.