Надал се струполи од болка пред новинарите
Вести

Откако го совлада Давид Налбандијан во 3 сета (7:6, 6:1, 7:5) во 3. коло на US Open, на прес конференцијата по мечот Рафаел Надал имаше навистина непријатно искуство.


Имено, додека Шпанецот одговараше на прашањата на новинарите, во еден момент направи болна гримаса на лицета, за на крај од болки да се струполи под масата. Новинарите кои во првиот момент биле избезумени, бидејќи не знаеле што се случува ја напуштиле просторијата, а по укажаната медицинска помош, по 15-ина минути со Рафа било се во ред.

Вториот фаворит на US Open подоцна објаснил дека имал силен грч во десната нога. Инаку, во осминафиналето Надал се среќава со Жил Мулер од Луксембург. Во останатите осминафинални двојки кај мажите се среќаваат:

Ѓоковиќ (1) - Долгополов(22)
Типсаревиќ (20) – Фереро
Федерер (3) – Монако
Цонга (11) – Фиш (8)
Иснер (28) – Симон (12)
Јанг – Мари (4) и
Ферер (5) – Родик (21)