|
McLaren го пропушта тестирањето во среда |
|
Вторник, 08 Март 2011 14:24 |
|
Тимот на McLaren одлучи да го промени својот план за тестирање на патеката во Барселона, па така тие во среда нема да се појават на патеката.
Тестирањата ќе траат пет дена, но тимовите ќе можат да искористат само четири. Повеќето тимови ќе тестираат од вторник до петок, додека Ferrari, Mercedes, Williams и HRT се одлучија тоа да го сторат од среда до сабота.
Тимот на McLaren се одлучи да го „подели“ своето тестирање, па така тие ќе возат во вторник и четврток, а потоа и во петок и сабота. Со ваквиот распоред, тие ќе го искористат слободниот ден (среда) за да ги донесат потребните резервни делови до Шпанија. На претходните тестирања, McLaren пропушти еден ден од тестирањата бидејќи тимот немаше резервни делови за новиот болид.
Џенсон Батон ќе го вози болидот во вторник и во петок, а Луис Хамилтон ќе седне во болидот во четврток и сабота. |