| Приземјено, сами ќе решаваме |
| Вести |
|
Секој прв пораз боли. Овој на македонските ракометари против Унгарија веројатно ќе беше поподнослив ако одигравме две рамноправни полувремиња.
Вака разбудена е лутината иако веројатно не треба бидејќи загубивме натпревар кој можеше да биде голем плус, но не е голем резултатски минус. Затоа пак, на време ги изнесе на површина слабостите на екипата без Кире Лазаров. Предвидливоста на нападот во недостаток на креативност и разновидност. Селекторот Шундовски го воочи пропустот со малата минутажа на Филип Лазаров и неискористениот Јоновски, но најави промени на реваншот во Веспрем. „Покрај поразот и слабата игра на домашен терен, ние ќе одиме да одиграме еден машки натпревар во Веспрем, против репрезентација која е фаворит. Ракометот е таква игра секој натпревар е за себе. И ние имаме шанси таму да направиме би рекол чудо“, изјави Звонко Шундовски, селектор на ракометната репрезентација. На крајот на краиштата ова е пораз што ќе не приземји. Може да ја разниша самодовербата, но не и шансите за шампионатот во Србија. Фокусот останува на дуелот со Босна и Херцеговина и гостувањето во Естонија. „Свесни сме дека за пласманот на ЕП ни се потребни две победи, од кои што едната мора да биде Босна. Ние тоа го знаевме и пред овој натпревар, така да наш битен натпревар ни е Естонија на гости“, додаде Шундовски. |
