Приземјено, сами ќе решаваме
Вести

Секој прв пораз боли. Овој на македонските ракометари против Унгарија веројатно ќе беше поподнослив ако одигравме две рамноправни полувремиња.

 

Повеќе...
 
Отсуството на Лазаров - тест за зрелоста
Вторник, 08 Март 2011 14:21

Ракометарите решени утре со Унгарија да покажат дека можат без капитенот

Роберт Димитриевски

Сплотени како еден, како што вели голманот Борко Ристовски, најдобрите македонски ракометари ќе се обидат да го надоместат отсуството на повредениот капитен Кирил Лазаров во првото соочување со Унгарија утре од 17,15 ч. во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Натпреварот од третото коло во првата квалификациска група за Европското првенство 2012 во Србија по подолго време ќе биде прв за нив без лидерството на најдобриот македонски ракометар. Алтернативи на десниот бек на Сиудад Реал во црвено-жолтиот дрес се Влатко Митков и Лазар Мајнов.

Повеќе...