Антиќ: Илиевски е кошаркар со големи мади*а
Вести

Капитенот на нашата кошаркарска репрезентација кој се уште под импресии беше интервјуиран од литванските медиуми, запрашан што мисли за одлучувачкиот шут на Владо Илиевски, рече дека тоа е кошаркар кој има големи мади*а.

Покажавме дека имаме големо срце, се боревме заедно . И младите и постарите бевме заедно, ние сме тим. Еден индивидуалец не го решава натпреварот. Ние играме како тим, не е битно кој го погодил последниот шут, рече Антиќ.

Во однос на следниот наш противник во полуфиналето, репрезентацијата на Шпанија, Антиќ рече дека тоа е најдобрата репрезентација на шампионатот.

-Време е прво да се одмориме. Сите плоштади во Македонија се полни и го слават овој историски успех кој никој не го очекуваше, вели нашиот капитен.

Комплетното интервју со Антиќ погледнете го во видеото.