Гансо сака во Европа Е-пошта
Вести

Големиот бразилски талент му порачал на раководството на Сантос дека е подготвен за преселба на стариот континент.

 

Бразилецот Гансо се уште не го ставил својот потпис на новиот договор со Сантос, а како главна причина за тоа се наведува неговата желба да се пресели во некој од големите европски клубови. Играчот дури и им кажал на првите луѓе на својот клуб дека сака кариерата да ја продолжи во Европа и дека тие треба да почнат да ги слушаат понудите од европските гиганти.

Знаеме дека тој сака да игра во Европа, но тоа не значи дека ние ќе го продадеме за пониска цена од таа која претходно ја баравме за него“ - изјави претседателот на Сантос Луиш Алваро Рибеиро.

Во последно време Интер и Милан често се поврзуваа со 21-годишниот Бразилец и се очекува во трката за него сега да се приклучат уште неколку големи клубови.