Пет средби “ладење“ за Фергусон
Вести

Тренерот на Манчестер Јунајтед доби висока суспензија од ФА за неговите критики на сметка на главниот судија по поразот од Челзи.

На следните пет средби на клупата на тимот на Манчестер Јунајтед нема да смее да се најде Алекс Фергусон, кој доби казна од пет средби од Англиската фудбалска федерација (ФА). Причина за ваквата одлука се критиките упатени на сметка на судијата Мартин Еткинсон по поразот на Стемфорд Бриџ. За своите некоректни изјави Фергусон доби казна од три средби, кои се зголемија на пет со оглед на казната која ја имаше од минатата сезона за критикувањето на судијата АЛан Вајли. Покрај суспензијата тој е казнет и парично со 30 000 фунти.

Ова значи дека 69-годишниот Шкотланѓанец ќе мора целиот следен месец да го помине на трибините, а суспензијата стартува од 22. март и дуелот со  Вест Хем. Покрај тоа Фергусон нема да седи на клупата и за дуелите со Фулам, Евертон и Арсенал во рамките на Премиер лигата и полуфиналето од ФА купот со Манчестер Сити.