Ван Перси одбива нов договор
Вести

Фудбалерот на Арсенал изјави дека во моментов не сака да размислува за нов договор.

 

Може лесно да се случи идното лето Арсенал да биде приморан да го продаде Робин ван Перси. Фудбалерот одби да преговара за продолжување на соработката. Неговиот договор со „топџиите“ истекува во 2013 година, а тој потенцираше дека сега не е време за таа тема.

-На секои три дена играме натпревари и мислам дека не е време да разговараме за нов договор. Најважно е тимот да игра најдобро и да забележува добри резултати, а за преговори има време. Јас сум обврзан на уште две години и тоа е добро, нема пoтреба од брзања и притисоци, изјави Ван Перси.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека не верува Ван Перси да тргне по стапките на Сеск Фабрегас и Самир Насри.