Порто: Хулк вреди најмалку 90 милиони евра!
Вести

Управата на португалскиот шампион не ја прифати понудата на руски Анжи од 87 милиони евра во последниот ден од преодниот рок.

Како бомба во последниот ден од преодниот рок во фудбалска Европа се проучи веста дека Анжи од Махачкала понудил цели 87 милиони евра за напаѓачот на Порто Хулк. Уште поневеројатно звучеше одговорот на Португалците, кои ја одбиле таа понуда сметајќи дека Бразилецот вреди повеќе од таа сума.

Според порталот goal.com, 25-годишниот Хулк веќе се имал договорено со управата на Анжи за годишна плата од десет милиони евра, но претседателот на Порто Пино да Кошта го блокирал трансферот во Русија одбивајќи ги милионите на клубот од Дагестан.

Да Кошта наводно побарал уште минимум три милиони евра во обид да изнуди 90 милиони од Русите, што го изнервирално нивниот сопственик Сулејман Керимов, кој се откажал од ангажирање на Хулк.